Синоќа во Магазата беше промовирана книгата “Попатни паралипомени“ на авторот д-р Александар Литовски, во која се “сместени“ публикувани текстови од рецензии и осврти, јавни настапи за промоции…
-Се работи за текстови кои во подолг временски период се творени, затоа што некои се јавни настапи или јавна реч за некои книги кои се промовираа во Битола од познати битолски автори, рече Литовски за своето дело, кое го промовираше Роберт Алаѓозовски.
По првата се одржа и втората промоција, на книгата д-р Роберто Трајковски, „Вермахтот и Егејскиот дел на Македонија 1941-1944 година“, се разработени повеќе воени-политички теми во врска со дејствувањето на Вермахтот во Егејскиот дел на Македонија и некои одрени воено-политички мерки на Третиот Рајх.
Исто така во Магазата беше отворена и изложбата насловена “Битолските Евреи во македонското партизанско движење“ од д-р Александар Манојловски и д-р Александар Литовски.

Две промоции на книги и една изложба во Магазата (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





