По повод 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола од фашистичката окупација, во кафулето “Радост“ во центарот на Битола, низ спет на разни уметнички дисциплини во саботата на 2 ноември со почеток од 18 часот па се до полноќ се одбележа Денот на ослободувањето на градот.
-Ова неформално уметничко чествување на празникот, во бедемот на авангардната култура во Битола, кафулето “Радост“ преку зближување на создавачите и конзументите на уметности имаше за цел на денот на ослободување на Битола да допринесе за културно ослободување, рушење на предрасудите и зближување на уметници од разни гранки од една страна и конзументите или публиката за која и се ствара таа уметност од друга страна. Фестивалот се одржа под мото “Уметност од сите, за сите!“. Нека ни е слободна Битола, ама нека ни е уште послободна мислата, рече Игор Трајковски – Фоја на отворањето на фестивалот.
Фестивалот содржеше презентирање на дела кои се работени или инспирирани или пак прикажуваат некои елементи од Истокот (се мисли на Азија- Кина) или Западот (се мисли на УСА- Америка). Уметниците се споиа со публиката и под мотото. “Уметност од сите, за сите“ се одвиваше целото ова уметничко дружење.
Присутните ги слуша “Saund Waves Band“ од Битола и имаа можност да присуствуваат на промоција на песната со видео запис “Мојот Пат“, а потоа имаа и настап во живо.
Публиката присуствуваше и на промоција на книга, во склоп на настанот “Иднина во минатото“, слики и Спомени од Шенжен Кина на авторот, Игор Трајковски Фоја. Книгата преставува колаж од фотографии, поточно едно објективно *(Објектив / Фотоапарат / Маханичко око) видување на авторот на амбиентите од Шенжен Кина. Тука и таму провејуваат текстови кои воопшто не се поврзуваат со наративот на самата книга. Системот „Слики и Спомени“ е инспириран и превземен како таков од литературни дела кои имаше можност авторот да ги сретне во „МЕГА“ книжарниците во Шенжен-Кина. Фотографиите сами по себе се поместени во 5 поглавја, а едниствен критериум за тоа е естетскиот критериум.
Дизајн на храна беше уште една дисциплина која ја спои публиката со креаторите преку послужување на традиционален кинески ручек и послужување на традиционален амерички начин.
Пред кафулет “Радост“, во улицата цртаа графити Александар Јанакиевски (реплика на зграда од Шенжен – Кина) и Александар Ботовчанон (реплика на статуа на слободата Њујорк.
Аудио и видео ефектоте на фестивалот беа на Дамјан Везеновски, а изложба на младата ликовна уметница Ангела Грашиновска, под наслов “Euforija is her middle name“, техника “Молив на хартија“.
Ж. Ристевка






