На 04.12.2019 во Полициска станица Битола, Р.Т. (63) од Битола пријавил дека на улица „22-ри Април” во Битола бил физички нападнат од битолчанец. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 04.12.2019 полициски службеници од СВР Битола го лишиле лице од слобода, од општина Могила, бидејќи под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир и започнал распавија со обезбедување во казино на улица “Д. И. Мурато” во Битола. Тој бил приведен во Полициската станица Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.12.2019 во Полициската станица Битола, Н.Ѓ. од Битола пријавил дека на улица “Стрчин” во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 63 годишен битилчанеци и 55 годишен скопјанец.
На 04.12.2019 во 20,26 часот било пријавено дека во Битола, на улицата “Никола Тесла“ патничко моторно возило “БМВ“ со битолски регистарски ознаки управувано излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 04.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека тројца возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возила биле нерегистрирани, под дејство на алкохол биле четири возачи и тие биле исклучени од сообраќај, на мобилен разговарале четири возачи, додека тројца други не користеле заштитен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.






