Press "Enter" to skip to content

Битолски спортски викенд

Овој викенд три од четирите битолски екипи кои се натпреваруваат во најквалитетните лигашки друштва забележаа победи, а само една пораз. Победија фудбалерите на Пелистер, ракометарите на Пелистер, Еурофарм Работник, а поразени се само кошаркарите на Пелистер.

Фудбалерите на Пелистер по трите порази, два го гости еден дома, конечно се израдуваа,а ги израдуваа и навивачите. На градскиот стадион под Тумбекафе ја победија екипата на Ранова, со 2:1, полувреме 1:0. Првиот гол го постигна Бразилецот, Лукас, кој погоди по асистенција на Благојче Љамчевски во 36 минута. Вториот гол од пенал го постигна во 48 минута, Иве Трифуновски со што ја поврди победата. Ренова постогна почесен гол во 81 минута исто така од пенал, кој го погоди Нафиу. По 14 кола Пелистер се наоѓа на 7 место со 15 бода, колку што имаат и Победа и Шкупи, а последен е Скопје со 9 бода.

На домашен терен во спортска сала “Младост“ како и фубалерите денес, вчера победија и ракометарите на Пелистер со победа која ја имаа запишано во своето бодовно салдо. “Пелистерци“ го победија Вардар Јуниур со резултат 34:23, полувреме 18:15.  Кај Пелистер најефикасен беша Митиќ со 7 гола.

И другиот ракометен суперлигаш екипата на Еурофарм Работник забележа победа на гостувањето во Прилеп. Овој пат ја победија екипата на Прилеп со резултат 19:14, полувреме 8:7. Во екипата на Еурофарм Работник прими само 14 гола благорадение на одличните одбрани на голманот Филип Ивановски кој имаше 18 одбрани, а дебитираа Мсквалидзе и Граџан.

По шест кола екипата на Пелистер е на првата позиција со 15, а Еурофарм се второпласирани со 13 бода.

Само екипата на кошаркарите на Пелистер не успеаја да победат, иако победата многу им требаше по катастрофалниот пораз од екипата на Работнички, минатото коло. Тие во 5 коло од Првата лига се поразени на свој терен од екипата на Охрид АВ минимално, со половина кош, 77:78, по четвртини, (20:19, 14:27, 19:17, 24:15). Пелистер имаше подобри резултати во првата и последната четртина. Но, резултатот се одлучи во последната секунда, заедно со звукот на сирената кога “охриѓанецот“ Кенет, постигна “двојка“, 78:77. Претходно за водство “тројка“ погоди Анакиевски за 77:76.

С.Р.