Се известуваат граѓаните и правните субјекти на подрачјето под надлежност на СВР Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали и согласно чл. 396 ст.4 од КЗ на РСМ за ова кр.дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.
Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и др. пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани и согласно чл.2 и чл.31 од ЗППЈРМ за прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид, заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност.
СВР-Битола ќе презема континуирани, редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на горенаведените законски одредби.






