По препораките од Владата на Република Северна Македонија, денешната работна сабота да се искористи за чистење, административните работници од Битола масовно се вклучија во акцијата на повеќе локации во градот. Покрај вработените во Општина Битола и јавните претпријатија од градот, на терен во чистењето учествуваа и вработените на подрачните единици на сите државни институции.
Акцијата, чиј носител е ЈП „Комуналец“, се одвиваше на три главни пункта: зад паркингот кај Новиот пазар, во просторот зад Градската библиотека и во населбата Карпош. Екипи на „Комуналец“ ги обезбедија учесниците во акцијата за чистење со нараквици, вреќи за ѓубре, опрема, а потоа со нивните возила го отстрануваа собраниот отпад.
На наведените локации, во фреквентни места од градот, можеше да се најде секаков вид на ѓубре, вклучувајќи употребени детски пелени, алишта, па дури и домашни кујнски предмети.
Денешната акција, која е уште една во низата на акции спроведени годинава за почиста Битола, нека претставува мотив повеќе за сите жители, да ја чуваат животната средина и отпадот да го фрлаат во соодветно поставените корпи и садови низ градот.

Општинската администрација собра над 500 вреќи со отпад (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“





