Press "Enter" to skip to content

Со проекција и дискусија одбележан Меѓународниот ден на човековите права (фото)

Хелсиншкиот комитет за човекови права и амбасадата на Кралството Холандија одржа четврта проекција од овогодинешото издание на филмскиот фестивал “Movies that Мatter”, по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.По проекцијата на филмот “Facing the dragon“ од режисерката Sedika Mojadidi, следеше дискусија со Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Габриела Илиевска, активистка од Поинаку, а модераторка беше Тања Стоименовска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.Документариот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права, како и борбата за истите во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните акспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови.

More from ВестиMore posts in Вести »