Присутните на духовната академија посветена на Св. Нектариј Битолски, по завршувањето на програмата во холот на Народниот театар беа пречекани од битолчани кои протестираа за чист воздух, предводени од независната група “Поинаку“, со испишани пароли.
Претходно протест се одржа и пред општинската зграда, а на новогодишната елка која е на влезот во опптината закачија балони на кои беа испишани новогодишните желби за чист воздух.
Протестот по социјалните мрежи беше закажан попладнево од страна на независната група “Поинаку“, а беше побарано да се стави во функција мерната станица “Битола 2“, да се спроведе планот за заштита на воздухот…






