Press "Enter" to skip to content

Владиката Петар со порака до битолчани: не седете кога поминува литијата, станете и покажете почит кон заштитникот

На вчерашната духовна академија по повод одбележувањето на денот на раѓањето на заштитникот Свети Нектариј Битолски, во своето обраќање Владиката Петар упати порака до битолчани.

-Треба со повеќе чест да го чествуваме заштитникот на Битола, како тоа што беше пред десетина години, кога беа битолчани многубројни и притоа никој не седеше во чест на Свети Нектариј и за спасителот наш Исус Христос, за време на литиите.Порано ги повикуваме да станат, а тоа и го правеа, но сега никој не го прави тоа, едноставно седат и не покажуваат никаква чест, кон заштитникот, кој умира за да не спаси нас, Тој умира за нас, но сега ја нема таа љубов. Но, тое некој не го знае и не го почитува, рече Владиката Петар, и додаде:

-Но, сега е некое друго време и не нема почит кон никој, ни кон родители, учители… Со еден збор паднаа вредностите на нашиот град. Прекрасниот град сега е касаба, преполовен град. Светиот Нектариј треба да ги просветли сите битолчани, а не само нецели 200 души.  

More from ВестиMore posts in Вести »