Press "Enter" to skip to content

Општина Битола со препораки за граѓаните

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели ( Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 2:                             

 

За период Битола 2
16.12.2019 171.82  ( µg/m3)
17.12.2019 202.98  ( µg/m3)

Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство, во случај на надминување на прагот на информирање за PM10, односно:

– да се користи јавниот превоз

– возилата да не се користат без поголема потреба

– повеќе лица да се возат во едно возило во исто време

– да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел , стиропор , ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал

– правилно да се користат печките на дрва

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки:

– да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

– покрај ова, се препорачува земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци. односно суплементи.

– хронично болните лица редовно да  ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.

More from ВестиMore posts in Вести »