После успешно одржаните Денови на психологијата на МСУ во Свети Николе, “Деновите на психологијата“ се одржаа и на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и во Битола.
На 13 и 14 декември врвни психолози преку интерактивни предавања и работилници ги споделија нивните знаења со големата публика, а на првиот дел предавања одржаа:
-“Емоционална интелигенција“ – проф. д-р Љупчо Кеверески, Педагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, “Професијата на наставникот – од конструктивизам до форма на уметност“ – проф. д-р Кирил Барбареев, Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, “Дијагностика, сиптоматологија, психотерапја кај лица со депресија, анксиозност, фобии и панични напади’ – Кочо Настевски, психолог, психотерапевт, “Системска динамика и нејзиното место во индивидуалните и групните психотераписки приоди“ – проф. д-р Мирослав Пендароски, Факултет за психологија, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
На 14 декември, сабота, продолжија деновоте на психологија, а се одржаа следниве предавања:
-“Емоционална интелигенција и Гешталт терапија – Емоциите учители или саботери“ – д-р. Марија Котевска – Димовска, гешталт терапевт; Вера Димовска едукатор/гешталт терапевт. “Семејно насилство“ – д-р. Билјана Гагачева, специјалист психијатар и психотерапевт; раководител на одделението за ментално здравје на деца и млади, Битола, “Препознавање на психолошко насилство во партнерска релација“ – Бојана Стаменковиќ, психолог, семеен советник, практикант на Игровна терапија за деца.

Денови на психологијата на Славјански и во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“





