Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: лажно пријавил за бомба во Клиничка болница, полицијата го привела

На 21.12.2019 во во СВР Битола бил приведен 30 годишник од село Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба.

Според пријавеното, тој во 14.17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »