На две локации во Општина Битола, каде што има најголемо движење на граѓани и туристи, поставени се хот-спотови за бесплатен безжичен интернет (Wi – Fi).
Поставувањето на хот спотот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“, овозможува користење на бесплатен интернет во Градскиот парк, Ќумурното игралиште, се до паркингот кај Завод и Музеј, додека хот-спотот поставен кај Градскиот часовник, овозможува бесплатен интернет до плоштадот “Магнолија“, се до административната зградата на ЈП “Стрежево“.
Инсталираната опрема за бесплатен интернет е резултат на договорот за донација, склучен помеѓу Друштвото за комуникациски услуги “А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје и Општина Битола, со вкупна вредност од 369 000 денари.






