Press "Enter" to skip to content

Фото вест: големиот детски писател, Стојан Тарапуза, на дружба во Педагошки

Во организација на Центарот на литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет – Битола, се одржа книжевен настан “Дружење со Стојан Тарапуза“ на Педагошкиот факултет во Битола. 

На настанот присутвуваа студенти, професори, деца и ученици, писатели и пријатели почитувачи на големото дело на големиот детски писател, Стојан Тарапуза.За Стојан Тарапуза зборуваше проф. д-р Златко Жоглев, критичко-есеистичка анализа имаше проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, стихови интерпретираа студентите на проф. д-р Биљана Цветкова-Димов, а на настанот беа и ученици од Заводот “Кочо Рацин“ за кои имаше и знаковен превод.

Деканот на Педагошкиот факултет проф. д-р Добри Петровски на Тарапуза му додели посебно признание за исклучителен придонес за развојот на литературата за деца. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »