Пред зградата на Советот на Општина Битола, прес-конференција одржа советничката од СДСМ, Жаклина Наумовска која рече:
-Бидејќи на вчерашната седница на советот на општина Битола повторно бевме сведоци на повикување на линч со камења, што претставува форма на најпримитивно насилие, советникот кој што тоа го искажа јавно, го прашуваме дали има врска со насилието пријавено во билтенот на СВР Охрид, каде стои дека е поднесена кривична пријава против лицето И.Ч. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “противправно лишување од слобода” и “телесна повреда”?
Доколку има, го повикуваме, заради сериозноста на функцијата советник, на којшто граѓание, меѓу кои и жени, му дале доверба да ги претставува со советот на општина Битола, како највисока форма на локална самоуправа, да си поднесе неотповиклива оставка. Воедно, ако пријавата се однесува на него, бараме неговата колешка советник, која што воедно е и претседател на комисијата за родова еднаквост, да се огради од неговите форми на изразување како советник.
Дали повикува на насилие токму поради фактот што имаме жена градоначалник?!?






