Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“ од Битола добија подароци и пакетчиња во пресрет на новогодишните и Божиќните празници. Донацијата е од “СН Групацијата“ што предизвика голема радост кај овие деца посебно затоа што подароците ги добија од Дедо Мраз.
–Сите деца имаат право да бидат среќни затоа што детската насмевка е бесценета. Мило ни е што со нашите пакетчиња успеавме да ги израдуваме децата од заводот. Новогодишните и божиќните празници треба да се поминат во кругот на семејството а “СН“ семејството е големо и во него има место за сите, велат од “СН Групацијата“.
Новогодишни пакетчиња добија и првачињата од ОУ “Гоце Делчев“ од Битола, кои со ликовна работилница, изложба и многу песнички за зимата го поздравија тимот од “СН Финансии“, кои се дел од оваа групација
-Голема благодарност до “СН Групација“ за донацијата. Нашите најмали ученици беа пресреќни и со задоволство ги примија новогодишните пакетчиња. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи, вели Биљјана Стојковска, директор во ОУ “Гоце Делчев“.

“СН Групацијата“ заедно со Дедо Мраз во Заводот “Кочо Рацин“ и ОУ “Гоце Делчев“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“





