По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2019 година (вторник) паркинг местата со кои стопанисува ЈППЈЛП Битола ќе работат до 17:00 часот.
Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈППЈЛП Битола на 01.01.2020 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Работата на сите паркинг места ќе продолжи на 02.01.2020 година (четврток) со вообичаено работно време.
За време на Божиќните празници на 06.01. (понеделник) и 07.01.2020 година (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈППЈЛП Битола ќе бидат бесплатни за граѓаните.






