Press "Enter" to skip to content

Фото вест: по посетата на Макрадули и Петровска искршен натписот на ОУ “Кирил и Методиј“

Синоќа непознат сторител(и) ја искршил таблата со натписот на основното училиште “Св. Кирил и Методиј“, а ова е направено откако вчера училиштето беше посетено од заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалничката Наташа Петровска и општинска делегација.

Таблата со натписот беше поставена пред извесен период, а на него покрај другото пишуваше и Северна Македонија, што е најверојатно и причината за кршењето.