Советничката и генерален секретар на СДСМ, Жаклина Наумовска на прес конференација се осврна на зголемувањето на платите во образованието кое ќе започне да се исплатува со наредната плата, за месец јануари, при што рече:
-Ветивме дека ќе го вратиме достоинството на најблагородната професија и тоа го остваруваме. Ветивме дека нашата цел и една од главните заложби ќе биде враќање на сјајот на нашиот образовен систем и тоа во континуитет го покажуваме. СДСМ продолжува со трендот на зголемување на платите во сите јавни сектори па и во образованието. СДСМ не гради споменици, СДСМ инвестира во најмоќната алатка- образованието!
Најпрво, со зголемувањето на септемвриската плата во 2019 за 5% наставниците во основното образование во просек добија по 700 денари повисока плата. Професорите во средните училишта во просек добија по 1500 денари повиоска плата. Тоа покачување опфати 30.000 вработени во образованието со пари обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија. Ова 2020 година, јануарските плати ќе бидат со 10% покажување за над 32000 вработени во образованието и науката.
Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции. Ги одблокиравме и реновиравме училиштата, вложивме во подобрување на условите за настава. Наставниците и професорите се нераскинлив дел од тој круг и затоа вложуваме и во нив!






