Press "Enter" to skip to content

Совети од нутрицуонист: каква исхрана ни е потребна ако сме професионални спортисти?

Многу важен фактор за постигнување на добри резултати кај професионални спортисти има исхрана, правилна, редовна и храна која му помага на телото и организмот кога имаме големо физичко оптоварување.

Исхраната претставува 70% од успехот, потоа се здравите биолошки навики и се разбира упорноста во остварување на целта.

Пред се треба да внесеме доволен процент на витамини, протени, јагленихидрати кои имаат влијание врз енергијата потребна за напорни тренинзи.

Исто така многу важно е и редовно хидрирање на нашето тело, што значи треба да внесуваме доволно течности (вода), за да не дојде до дехидратација на телото.

Доручекот е прв оброк и треба да биде добро избалансиран за да ни даде енергија за целиот ден, а ужинките исто така ќе ве држат сити, ќе го спречат внесот на голема количина на храна во главните оброци. 

Ручекот треба да содржи витамини, минерали, протеини и јагленихидрати. На вашето мени треба да се најдат намирници кои се здрави и кои се приготвени на здрав начин како што се: рибата, чистото телешко месо, месо од мисирка, пилешките стекови, компири, печурки во прилог со салата и домашен леб или интегрален во мали количини. 

Вечерата треба да биде лесна и здрава, за да се врати она што го потрошиле за време на тренингот, пред се течноста која ја изгубиле.

Една препорака: јогуртот е особено богат со пробиотици и може да помогне во контролата врз апетитот и телесната тежина. Истражувањата покажуваат дека јогуртот е одличен за зголемување на спортската издржливост и зголемување на нивото на енергија во телото. Многу е лесно да го вклучите во секојдевната исхрана, подгответе го утринското смути со јогурт или испијте една чаша пред спиење.

Сите заинтересирани спортисти можат да ме контактираат за изработка на диет програм, правилна исхрана, на фб страната “VITAF diet“, или на мобилен број 070 355 654.

Нутриционист и фитнес советник:  Тоше Соколов