Денес е лесно секој да креира веб-сајт или блог до кого сите ќе имаат пристап. Постојат луѓе кои намерно прават сајтови за да поставуваат навреди за одредени лица или групалуѓе. Во овој момент, онлајн- насилството веќе станува реален проблем. Во случај некој да стане жртва на сајбернасилство, не треба да се молчи и повлекува се во себе. Родителите би требало да имаат поголема контрола на нивните деца, особено тинејџерите за нивните “активности“ на социјални мрежи. Училиштата со педагошко-психолошките служби и наставниците со едукативни предавања да ги едуцираат децата и тинејџерите за опасностите кои демнат на Интернетот и социјални мрежи, а да ги насочуваат за нивно правилно користење.
Интернетот овозможува криење на личниот идентитет и анонимно отворање веб- сајтови, имејл-адреси и профили на социјалните мрежи. Сепак, ваквата анонимност е мит. Секогаш остануваат некакви траги од она што го прават злосторниците, вклучително и доколку си тоа ти. Понекогаш може да остават твои лични податоци и слики на интернет, ставајќи те на поголем ризик да бидеш контактиран/а или најден/а
Он-лајн насилството, наречено сајбернасилство, се случува кога децата и тинејџерите, користејќи интернет, мобилни телефони или други технолошки уреди, објавуваат навредливи информации во вид на текст, слики или други видови содржини, со намера да повредат или да посрамотат друга лично.
Сајбер- насилство исто така е кога некој те измачува, вознемирува, понижува или на друг начин те “става на тапет“, преку интернет или преку мобилен телефон.
Совети за родители.: едуцирајте се за опасностите кои демнат на Интернет и социјални мрежи и предупредувајте ги децата да станат свесни за истите. Поголема контрола.
Совети за деца, тинејџери
Еве неколку насоки што ќе ти помогнат да разбереш што е сајбернасилство, какви форми зазема, како да се справиш со него и како да го спречиш.
-Кажи им на родителите, заедно ќе најдете решение.
-Блокирај ја комуникацијата со сајбернасилниците.
-Не отворај и не одговарај на електронската пошта или пораки од некој кој знаеш дека е сајбернасилник.
-Не објавувај на интернет нешто што не би сакал да го знае целиот клас.
-Почекај да ти помине лутината за да не кажеш нешто за што подоцна ќе зажалиш. Не продолжувај го сајбернасилството!!!
-Зборувај со твоите родители за тоа што го правиш на интернет и извести ги најблиските возрасни за сајбернасилникот.
-Покажи им ги пораките и побарај помош.
-Чувај ги или печати ги сите пораки од насилниците како докази, кои можеш да им ги прикажеш на одговорните во училиштето, интернет- провајдерите на услуги, па дури и на полицијата, кои потоа соодветно ќе можат да превземат мерки за заштита.
– Не откривај ги твоите лични податоци на интернет. Не кажувај ги своите лозинки.
– Не праќај пораки кога си лут/а. Не приклучувај се кон сајбернасилство. Ако го забележиш, пријави го на возрасен.
-Информирај се за твојата безбедност на интернет:
-Гледај поучни видеа на www.bezbednonainternet.org.mk/filmovi и играј забавни но поучни игри наменети за деца, тинејџери и родители : www.bezbednonainternet.org.mk/igri
-Ако нешто не би му кажал некому в лице, не му го кажувај ниту онлајн, и сајберударот боли!
Kолку пати до сега сме биле сведоци на сајбер насилство на Facebook и/или Twitter…? Колку пати сме прочитале коментари за тоа кој е најглуп, најружен и да не набројувам… Се почести се и видеата со физичко насилство, навредливи, компрпмитирачки фотографии закачени на YouTube. Сето ова ни се случува. Едуцирај се за опасностите кои можат да се случат на социјалните мрежи, и биди свесен за последиците!
Еве и некои статистички податоци за сајбер насилство:
-7 од 10 луѓе се цел на сајбер насилство;
-37% од нив се честа мета на сајбер насилство;
-20% се секојдневно изложени на сајбер насилство;
-Сајбер насилството катастрофално влијаело врз самодовербата и социјалните животи на дури 70% од младите;
-Најголем дел од сајбер насилството се случува на Facebook;