Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападната малолетничка, пронајдено починато лице и редовни сообраќајни контроли

На 03.02.2020 во СВР Битола, 52 годишен битолченец пријавил дека во основно училиште во Битола неговата малолетна внука била физички нападната од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.02.2020 во СВР Битола било пријавено дека во куќа на улица „Даме Груев“ во Битола бил пронајден починат 73 лице од Битола, кој боледувал од карцином и имал проблеми со срцето. По насока на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Полициски службеници од СВР Битола на 03.02.2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека девет возачи ја надминале максималната дозволена брзина, осум возачи не поседувале возачка дозвола, тројца возачи управувале нерегистрирани возила и четворица возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило. За сите неправилности издадени се соодветни налози.