На многу прометната улица со сообраќај, “Васко Карангелевски“ денес започнаа да се поставуваат хоризонтални препреки на коловозните ленти, популарни наречени “легнати полицајци“.
Денес препреки се поставуваа пред Домот за доечиња и мали деца, а најверојатни ќе се продолжи и на други места на улицата, посебно поради тоа што таму се наоѓа и основното училиште, каде учат околу 800 деца.
Ова не е прв пат да се реагира превентивно на оваа улица, претходно беше поставем и брзиномер на истото место, се поставија и мали препреки, а беа одржани и голем број на обуки за децата како да ја преминуваат улицата.






