Press "Enter" to skip to content

Преку регионален форум ќе се одлучи каде ќе се вложат 100.000 евра наменети за социјална инклузија (фото)

Центарот за развој на Пелагонсикиот плански регион започнува со реализација на нова серија на регионални форуми во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” кој што е финансиски поддржан од  Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка на тема социјална инклузија.-Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и препораки“, рече Гого Видимче, раководител на ЦРППР-Битола.Преку форумите ќе се дефинираат и селектрираат најрелевантните проектни идеи и да се работи на нивно процесирање до апликации кои ќе бидат аплицирани во рамките на грантовата шема за инвестицски проекти.

На првиот форум денес учество зедоа претставници од општините од Пелагонискиот регион како и институции и Здруженија на граѓани кои што работат на полето на социјална инклузија.Учесниците имаа можност да се запознаат со форумскиот процес да дискутираат со приуритетните проблеми поврзани со социјална инклузија со кои што се соочува планскиот регион и за истите да предложат приуритетни решенија.

Доколку од страна на донаторот биде одобрен некој проект, тогаш имплементаторот на истиот за реализација ќе има на располагање околу 100 илјади евра.