На 04.02.2020 во 12.00 часот во село Драгош, битолско, кај место викано „Лазаров бунар“, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија ги лишиле од слобода Р.Р.Г. (48), Г.Б.Х.М. (30) и Ј.М.С. (44), сите од Куба, поради сторен прекршок „незаконско преминување на државната граница“.
Лицата биле предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.






