Press "Enter" to skip to content

Кај Рускиот крст одбележан Денот на руската дипломатија (фото)

Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола денес организираа свечености по повод Денот на руската дипломатија. Според повеќегодишната традиција, централниот настан, беше церемонија на положување свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“, изграден во спомен на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој бил убиен од Османлискиот војник во 1903 година, односно пред 117 години.Амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Сергеј Баздникин ја предводеше “руската делегација“, а на свеченоста по повод 117 годишнината, им се обрати на присутните на македонски јазик.

-Денеска му оддаваме почит Ростоковски, кој бил убиен овде во Битола во 1903 година, кој бил пример за многу генерации руски дипломати, во годината кога одбележуваме 75 годишнината од победата на фашизмот. Според убедувањата, кој ги формулирал канцеларот Александар Герчаков пред 150 години век, ние на никого не му се закануваме, ништо не наметнуваме, никому не му кажуваме како треба да живее, не се обидуваме да придобиеме еднострани вредности,  а врз овие принципи се темелат односите со сите земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, рече Баздникин, кој додаде дека надворешната политика на Русија е насочена кон формирање на обединувачка и позитивна агенда, кон развивање на взаемна соработка со сите држави и решавање на конфликтите преку разни компромиси.  Пред Рускиот крст во Битола цвеќе положија повеќе дипломати, почесниот руски конзул – Сергеј Самсоненко, градоначалникот на Битола-Наташа Петровска, претседателот на Советот-Валентин Груевски, градоначалникот на Ресен, директори  на јавни претријатија, советници и претставници на здруженија, претставници на Славјанскиот универзитет во Битола…Инаку, споменик Руски крст е поставен на местото каде што е убиен рускиот императорски конзул во Битола, Александар Ростковски, во 1903 година, од раката на османлиски војник.