Press "Enter" to skip to content

Дечињата од градинката “Мајски цвет“ им го честитаа 8. Март на вработените жени во “Водовод“ (фото)

Денеска децата од градинката “Мајски Цвет“ во придружба на нивните воспитувачки и директорката на градинката го посетија Јавното комунално претпријатие “Водовод“.Нивната посета беше одбележана со рецитал од неколку стихотворби и песнички, после што поделија рачно дизајнирани честитки и испратија порака за среќен 8. Март, до сите жени во претпријатието.