Press "Enter" to skip to content

Мобилност во ОУ “Св. Климент Охридски“ во рамките на “Еразмус+“ проект (фото)

Како дел од проектните активности на “Еразмус+“ проектот “Што е следно“- професионално и кариерно насочување на учениците, ОУ “Св. Климент Охридски“- Битола,  беше домаќин на 15 наставници, кариерни советници и директори од Норвешка, Данска, Германија и Полска.На мобилноста се одржа работилница за аспектите на професионалното и кариерното насочување на учениците и начини на подобрување на истото со што се разменаа искуства меѓу претставниците на различните земји.

Исто така во соработка со СОТУ “Ѓорѓи Наумов“- Битола, НУУБ “Климент Охридски“- Битола и збратименото училиште “Григор Прличев“ од Охрид гостите имаа можност да разгледаат како кај нас се работи со учениците и како тие професионално и кариерно се надочуваат.Секако како дел од посетата беше и разгледување на Битола и Охрид и дегустација на храна, со што учесниците понесоа одлични искуства од нашата земја.