Со голема креативна енергија во себе членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, ја посетија градоначалничката Наташа Петровска, со цел да и го честитат Меѓународниот ден на жената 8 март.
Ваквите активности се дел од годишната програма на „Порака“, при што членовите на центарот имаат можност со дела кои потекнуваат од нивниот ентузијазам, да ги израдуваат личностите со кои соработуваат.
На средбата се разговараше за активностите кои се реализираат во рамките на центарот, како и за активната вклученост на „Порака“, во форумските сесии за социјална инклузија, организирани од страна на Општина Битола, за инфраструктурно подобрување на условите за нив, но и создавање на мултифункциски простор кој ќе значи можност за понатамошен развој и напредок на овие лица во повеќе области.






