Во рамките на одбележувањето на 77 годишнината од депортацијата на Евреите во Втората светска војна, на споменикот на депортираните Евреи од Битола и на споменикот на Естреја Овадија Мара, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, делегации на Советот на Општина Битола, Еврејската заедница и други претставници на делегации положија свежо цвеќе.
-Секој 11 март во нашиот град буди посебни емоции поврзани со Евреите, кои што биле присутни во голема заедница во минатото, но за жал, во 1943 година, заедно со Евреите од Штип и Скопје биле депортирани и завршиле во Треблинка, а станува збор за 7144 Евреи. Но она што го оставиле низ архитектурата и низ нивното живеење, преку преданијата, навиките и обичаите кои што ги негувале, сеуште е присутно кај нас, што е добро, затоа што потојано не потсетува на нив, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и додаде:
-Врските со нив и со државата Израел, како држава претставник на таа заедница, но и со Евреите од целиот свет, како и со Еврејската заедница од нашата држава исклучително ни значат, затоа што на тој начин и нас како граѓани не потсетуваат да не се заборави никогаш она што нив им се случило.
Меѓу пристутнуте беше и Сара Ароести од САД, чиј дедо бил роден во Битола, како и поголемиот дел од нејзиното семејство.
-За време на Втората светска војна, поголемиот дел членовите на моето семејство беа убиени, но, имам роднина која била родена во Битола, сеуште е жива и има 103 години. Таа ми е голема инспирација, во неа останале толку многу спомени за градот Битола и сеуште ми раскажува приказни мене и на моите деца, рече Ароести која додаде:
–Поради неа, јас сум денес овде и поради членовите на нашето семејство кои беа убиени, како и поради сите Евреи од Македонија кои не преживеаа.
За мемориите, старите битолски фотографии и натамошната соработка на Општина Битола и Еврејската заедница од САД, Сара Ароески разговараше со градоначалничната Наташа Петровска на работната средба во нејзиниот кабинет.

Одбележана 77 годишнината од депортацијата на битолските Евреи (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)
- Во Битола одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев – македонски револуцион и деец
- СВР Битола: приведени две лица се дрогирале на јавно место, битолчанец возел без возачка, тешко повреден моторциклист,
- Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија на ФИКТ Битола (фото)
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени





