Press "Enter" to skip to content

Горан Козаров, уште еден битолчанец на кандидатската листа за пратеници во “петката“

Политичките партии ноќеска до полноќ ги поднесуваа до Државната изборна комисија листите за кандидати за пратеници, а на листата на СДСМ и коалицијата е и битолчанецот Горан Козаров.

Горан Козаров на листата на СДСМ и коалицијата е на 9. место кое што е “добитно“ место, односно може да се каже дека се очекува во наредниот состав на Парламентот Битола да има уште еден пратеник.

Инаку, Горан Козаров е директор на ЈКП “Водовод“, а во пилитичкиот ангажман е  регионален координатор на ИЕ 5 на СДСМ. 

На листата на СДСМ и коалицијата во петтата изборна единица сека има тројца кандидати за пратеници, Бисера Костадинова, Горан Козаров и  Петар  Николовски, а а носител е Радмила Шекеринска. 

More from ВестиMore posts in Вести »