Од утре, недела 15.03.2020, се затвораат сите продавници во молови освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.
Влезот и излезот во и од Македонија по копнен пат за патници и возила не ќе може да се извршува преку граничниот премин “Меџитлија“, соопшти вечерва на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче кој ги презентираше новите мерки за заштита од ширење на вирусот.
-Владата одлучи да ги затвори сите продавници во моловите, освен супер маркетите, продавниците за храна и аптеките, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додаде дека се забранува работата и на кафе баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници, а рестораните и локалите кадешто се продава храна дејноста може да ја извршуваат само преку нарачки.
Овие мерки доаѓаат откако денес бројот на заболени од КОВИД 19 се искачи на вкупно 18 лица, од кои шест се регистрирани денес.






