АД ЕСМ ги презема сите мерки за заштита од корона вирусот што ги препорачуваат надлежните државни органи, со цел да го обезбеди здравјето на своите вработени од една страна, а од друга да овозможи непречено производство на електрична енергија.
Посебни мерки се преземени во РЕК “Битола“, каде се произведуваат 70% од електричната енергија и кој е од клучно значење за електро-енергетскиот сектор.
Од изутрината на главната капија се поставени средства за дезинфекција на рацете, а во соработка со Синдикатот на АД ЕСМ и Синдикатот на РЕК Битола, секој од вработените доби заштитна маска и ракавици. Средства за лична хигиена на база на алкохол се поставени во сите работни простории каде викендов, пак, започна вонредна дезинфекција.
-РЕК “Битола“ во целост се придржуваат на сите препораки од Владата и Министерството за здравство. Производството на струја е согласно нашите годишни планови и нема никакви застои, не очекуваме проблеми, гарантираме дека производството на електрична енергија ќе се остварува согласно зацтаните планови. Се вршат преспределби на работното време кај вработените, вработени кои во моментот не се неопходни за работниот процес се упатуваат на отсуство, односно годишни одмори, рече Златко Ќурчиевски, генерален директор на РЕК “Битола“.
Се дезинфицираат и автобусите, патничките автомобили, амбулантните возила. На сите огласни табли поставени се информативни летоци за превенција од ширење на корона вирусот. Во РЕК Битола од денес забранет е влезот за сите надворешни лица кои немаат ургентна потреба, Кире Климевски, раководител на службата за техничка сигурност, за сите преземени активности додаде:
-Службата за техничка сигурност максимално се справува со новонастаната состојба. Максимално ја пратиме целата ситуација, 24 часовно функционираме во однос на активностите што се наши задачи, пред се безбедноста и здравјето на вработените во РЕК “Битола“. Поставени се информативни табли, обезбедени се материјали (маски и ракавици) за дезинфекција на рацете, работните простории, тоалети, а се врши и дезинфекција на возниот парк. Благодарение и на Синдикатот на АД ЕСМ и РЕК “Битола“ кои максимално се вклучени, бидејќи средствата што ги плаќаат вработените сега на еден начин да се искористат за заштита на нивното здравје.
Комбинатот следејќи ги препораките на Владата на Република Северна Македонија веќе ослободи од работни обврски 100-тина вработени заради обезбедување грижа за своите деца до 10 години, а се прави дополнителна внатрешна реорганизација за да се обезбедат услови за имплементација на можноста за работа од дома.
-Сите мерки кои се донесени од Владата и Министерството за здравство како и одлуки на АД ЕСМ ние ги почитуваме во целост. Поделени се навремено и заштитни ракавици и маски за вработените и средства за хигиена. Вршиме дезинфекција на работните простории, хали, а 32 вработени кои по некој основ дали чување на дете помало од дест години или хронична болест ги ослободивме од работните обврски, како и оние кои допатуваа од странство, рече Менде Тасевски, директор на ФОД.
Координативното тело за следење на состојбата со корона вирусот кое беше формирано во РЕК Битола е во постојана комуникација. Во меѓувреме, производството на електрична енергија од капацитетите на РЕК Битола и на АД ЕСМ се одвива во согласност со потребите на електроенергетскиот систем.






