Од денес 19.03.2020 (четврток), Општинскиот изборен штаб го ставаме во целосна функција на граѓаните за побрзо справување со последиците од заболувањето предизвикано од вирусот COVID-19.
Бидејќи сите превземени активности треба да имаат институционален и професионален пристап нашите ресурси ги ставаме на располагање на надлежните институции.
За таа цел после повикот до нашите членови и симпатизери денес во рок од еден час се пријавија 119 волонтери кои во периодот кој следи ќе бидат на располагање на ОО на Црвен крст – Битола доколку има потреба.
#Останетедома затоа што секој живот вреди, информира Иванчо Тошевски, претедател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Битола.






