Работите на комплетното санирање и асфалтирање на спортските терени во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ се завршени и спортsките терени се подготвени за нeпречено извршување на наставата по физичко воспитување, по враќањето на учениците во клупите, училишните дворови и спортските терени.
По асфалтирањето на целиот училишен двор каде се сместени играчиштата за ракомет-мал фудбал и кошаркарското, поставени се стативите, кошевите и се одбележани терените.
Поставена е нова заштитна ограда кон улицата-паркингот, поставени се нови клупи за седење, а поставени се и сливници за атмосферската вода од сртраната кај црквата.

Фото вест: асфалтирани спортските терени и поставена опремата во ОУ “Св. Кирил и Методиј“, се чекаат учениците
More from ВестиMore posts in Вести »
- Регионалната комора организираше презентација на компанијата “RES – Renewable Energy Supply“ за батериските системи за складирање електрична енергија (фотогалерија)
- Општина Новаци потпиша меморандум за соработка со Здружението на Македонците по потекло од Албанија – ЗОШТО
- На УКЛО Битола мастерклас на тема: „Одржливата иднина се создава поинаку од денес“ (фотогалерија)
- УКЛО Битола одржува годишна меѓународна научна конференција за целите за одржлив развој (AISC 2026) (фотогалерија)
- 30 милиони евра за микрофинансирање во Западен Балкан преку програмата SAFE





