Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: двајца битолчани не го почитувале полицискиот час, заработија кривични пријави

СВР Битола поднесе кривична пријава против 32 годишен битолчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи по ул. „Илинденска“ во Битола, односно не постапил и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Кривична пријава е поднесена и против 3- годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.05 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот, без дозвола за движење, кај бензинска пумпа на патот Прилеп – Битола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »