Пелистер – Карпош Соколи 95:66
Спортска сала “Младост“ во Битола
Гледачи: 500
Судии: Павлов, Панов и Златевски
Пелистер: Илиевски 3, Анакиевски 10, Давков 17, Атанасовски 15, Голубовиќ 8, Талевски, Луис 24, Фунденбург 10, Обедниковски, Хавиер 5, Трсунов, Цветановски.
Карпош Соколи: Атанасов, Најдовски 3, Шопов, Башовски, Богдановски 15, Ташков 10, Бешлиовски 2, Заревски, Петровски 8, Димитриевски, Кори 28.
На домашен терен пред околу 500 гледачи кошаркарите на Пелистер ја победија екипата на Карпош Соколи со резултат 95:66, во натпревар во кој ја имаа доминацијата во текот на целиот натпревар, а гостите во ниту еден момент не помислија за победа.
Екипата на Пелистер имаше солидна предност во текот на целиот натпревар, а гостите само во третата четвртина се обидоа да направат нешто повеќе од чесен пораз.
Кај “пелистерци“, Луис оствари „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 10 скока, а Давков и Атанасовски следеа со 17, односно 15 поени.
Кај гостите Кори постигна 28 поени и покажа дека е оправдано засилување, а Богдановски запиша уште 15 поени.
По 17 одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 10 место со 21 освоен бода, а се наоѓа пред екипите на Струмица со 19 и Шкупи со 18 бода.
Следното коло екипата на Пелистер гостува во Струмица, против истоимената екипа на 10 март.
С.Р.






