Press "Enter" to skip to content

Марио Трифуновски, клуб за угостителство и туризам “Еснаф“ за состојбите во угостителството, за мерките за помош, кога ќе отворат, под кои услови…

Нема официјално рок кога ќе отвориме, со 20% капацитет тешко ќе опстаниме, ќе побараме старт со 70%, чекаме да отвориме иако стартот ќе биде под засилени мерки за заштита на гостите и персоналот.

Кризата предизвикана од корона вирусот први на удар од бизнисот ги стави угостителите, кафулината, кафеаните, хотелите, комплексите за организирање свадби… Битолскиот клуб за угостителство и туризам “Еснаф“ кој брои околу 60-тина членови, а за оваа криза претседателот Марио Трифуновски вели:

-Во клубот членуваат сопствениците на поголемите угостителски објекти во Битола, а самата криза тешко го погоди цело стопанство во државата и пошироко, а ние како угостители сме зафатени од таа криза. Ние сме едни од најзагрозените во оваа криза, па затоа преку нашиот клуб, со помош на мерките кои ги обезбедува Владата, да успееме да го одржиме во кондиција нашиот бизнис. Но, моменталните мерки се донесени не се задоволителни да опстани нашиот бизнис во добра форма кога ќе се укинат препораките и мерките.“Еснаф“ како дел од неколку стопански комори веднаш по донесување на мерките предложи мерки за помош на овој сектор за кој Трифуновски вели:

-Јас сум еден основачите и член на Управниот одбор на новата комора за угостителство, а ние од самиот почеток следевме се што се случува кај нас, во соседните земји и пошироко. Знаејќи дека долго ќе трае оваа криза, посебно во нашиот сектор понудивме мерки со кои треба да се помогне. Кога се зборува за овој бизнис мора да се каже дека во овој сектор има многу вработени кои се неопходни да работат угостителските објекти, вкупно 33.000 со работен однос, а со договор за дело и работници кои се вклучени индиректно во овој бизнис, бројката изнесува 60.000 луѓе. Поради тоа да се спасат бизнисите и работните места ги презентиравме мерките кои ќе значеа спас. Ние како граѓани на оваа држава сме свесни за опасноста за здравјето на сите, па и на нас и нашите семејства. Угостителите на стартот 99% ги почитувавме мерките за заштита на сите, ги затворивме објектите, а се понудивме со сите објекти и капацитети да помогнеме што поскоро да излеземе од оваа криза. Но, прво бевме критикувани дека ние сакаме да профитираме од сето ова. И веднаш да кажам, ние не бараме профит, бидејќи ние трпиме загуби, а не сме ниту на нула што се вели, бидејќи имаме големи тековни трошоци. Првото барање беше државата да не “покрие“ со минимална бруто плата за нашите вработени. Втората мерка беше тековните даноци и давачки кон државата да се стопираат и да се платат по завршувањето на кризата и отворањето на објектите, а потоа да ги плаќаме на рати. Третото барање беа кириите, бидејќи 95% од угостителите имаат објекти под закуп во државна или приватна сопственост да се ослободиме од киријата, како и плаќањата за тераси и урбана опрема да има олеснување. Тоа го баравме бидејќи ние со декрет бевме затворени-приходи нула, а ако некој не затворил мора да има ослободување. Четврта мерка која ја поравме беше да се обезбедат поволни кредити за тековно одржување на бизнисите и за финансирање за рехабилитација по стартот, бидејќи и тогаш нема да се вратат сите гости кои ги имавме во објектите, ќе има финансиска криза, психоза, страв… Тоа го баравме за да по 5-6 месеци се вратиме во некоја нормала.За тоа како одговори Владата на овие барања Трифуновски вели:

-Од мерките кои ги побаравме ниту една не е исполнета во целост. Државата донесе уредба со закон да се помогне со минимална плата од 14.500 денари и со 50% од придонесите, но не субвенции, туку тоа се пари кои треба да се вратат, како во некои други земји, во Словенија посебно во овој бизнис каде има 2 милијарди евра, а се бараат уште повеќе. Ја земам Словенија како пример бидејки има жители колку нас. Нас не затвори државата, па затоа мора нешто да покрие, мора луѓето да земат плата, од нешто да живеат. Оваа мерка е добре дојдена, но не и за нас, државата ни помага, но не е субвенција. Во врска со кредитите, многу малку од фирмите ги исполнуваат условите, а угостителите многу малку ја искористија оваа мерка. Ќе кажам за себе и мојот бизнис. Во врска со мерката за плата не се најдов, а заинтересиран сум за кредит, иако сите во угостителството нон-стоп сме задолжени и ќе биде ново задолжување. Се уште трае пријавувањето, до 7 мај, за овие две мерки и немам некои конкретни податоци, а угостителите сами ќе направат свои математики за тоа дали да аплицираат.За тоа како ќе оди отворањето и опоравувањето на бизнисот во оваа гранка Трифуновски конкретен:

-Во врска со отворањето на објектите официјално немаме никаква најава. Но, според како се движат забраните и олеснувањата кај нас и во соседните земји се надеваме дека со 20 проценти од капацитетот да започнеме во втората половина на мај. Неофицијално имаме информации дека за една маса и четири столици ќе треба 9,6 м2, со сите средства за дизинфекција, луѓето да седат со маски, персоналот со посебни мерки за заштита. Тое е во ред, сакаме и ние да се заштитиме, персоналот и секако гостите. Ќе бараме и од добавувачите да имаат посебни мерки на заштита и сите да ги почитуваме протоколите. Ние за брзо ќе доставиме предлог, дополнени на протоколите за работа, да работиме најмалку со 70% од капацитетот, секако се ниво на заштита како би рекол, како болница. Ние ова ќе го побараме бидејќи го чекаме летото кога работиме со 100% да се платиме некои долгови од зимата. Со само 20% капацитет тешко е дека исплатливо ќе се работи.-Ние со кафулината можеби ќе отвориме, но поголемите објекти кои работат со храна и организираат поголеми забави, летните дискотеки, организираните плажи со шанкови и лежалки тешко да го направат тоа со 20% капацитет. Законот за социјална дистанца ќе остане најверојатно уште долго време и дел од секторите во угостителството нема да започнат со работа. Мора да се размисли, како да се помогне, јас зборувам за угостителството, а сигурно е вака тешка состојбата и во другите дејности кои се загрозени од пандемијата. Сите да добијат неповратни средства за зачувување на бизнисот и работните места, бидејќи ако не постои стопанството од сите дејности, тешто да опстоиме. Ние како стопанственици не само од мојата дејност, туку и од останатати со кои контактираме бараме да се најде начин да се помогне, дали со странски кредити или друг начин, вели Трифуновски, кој за своите објекти “Пајтон“ и “Расчекор“ додава:

-Јас ја делам судбината на сите, не сум исклучок во ништо. Затворивме во “Расчекор“ на 7 март, а “Пајтон“ од 15 март, но немаше гости и пред тоа, луѓето едноставно беа исплашени. Чекаме да отвориме, но нема да има бенефот со 20% капацитет, но ете да се почне некако, со надеж дека сите во сите дејности ќе почнеме да работиме со полно темпо, да комуницираме да се дружиме, да продолжиме со оној живот кој го имавме пред два месеци.

С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »