Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска денес во Пампорово, Бугарија ќе ја вози осмата меѓународна ски-трка (фото)

Младата надежна битолска слијачка Ева Милевска, денес ќе ја вози осмата по ред меѓународна  трка на “Куп Пампорово“ оваа сезона. Таа денес ќе се натпреварува во категорија У-12, каде ќе ги одмери силите со бугарските натреварувачи, нејзини врсници.

Таа веќе е на патеката и го очекува стартот на трката на ски-патеката “Стената“, а Милевска оваа скијачка сезона по осми пат ќе старува, а утре ќе ја вози деветтата по ред.Иако Ева Милевска, живее и се школува во Скопје, таа ги брани боите на скијачкиот клуб “Пелистер“ од Битола.

Според зборовите на екипата на која е во Пампорово, Бугарија, патеката е одлично подготвена и условите за трка се одлични.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »