Press "Enter" to skip to content

Во женскиот фудбалски куп жребката одлучи Топ гол да игра против Тиверија

Во Фудбалската федерација на Македонија во присуство на претставниците на клубовите и Комисијата за женски фудбал беше извршна ждрепка за ¼ финале на купот и усвојување на календарот за натпреварување за пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2017/18год.

-Ждрепката одлучи Топ гол во ¼ финалето да играат против ЖФК Тиверија на домашен терен, а останатите двојки се: ЖФК Борец-ЖФК Њу Јорк, ЖФК Кочани-ЖФК Драгон 2015 и ЖФК СЦ Истатов-ЖФК Ас Јунајтед. ¼ финалните натпревари се закажани за 28 март 2018год. со почеток во 14 часот, вели Кире Грбевски, шеф на стручниот штаб на Топ гол, кој за самиот противник додава:-Ждрепката одлучи во ¼ финалето да се сретниме со Тиверија, таа е квалитетна екипа која се бори за највисок пласман во првенството но куп натпреварувањето е сосема друга работа. Се игра еден натпревар и тоа во Битола и вообичаено во куп натпреварите нема фаворити и секој секого може да победи. Интересно е тоа што со Тиверија во тој период ќе играме два еден по друг натпревари прво за првенството и веднаш потоа за куп натпреварувањето, изјави Кире Грбевски шеф на стручниот штаб на Топ гол.

Претходно во 1/8 финалето екипата на Топ гол ја совлада екипата на Тетово со 5:3 по изведување на пенали откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 3:3.

More from СпортMore posts in Спорт »