Press "Enter" to skip to content

Ѓоко Илијовски – нов координатор на фудбалската школа на Пелистер

Со одлука на Управата на Пелистер за нов координатор на фудбалската школа на Пелистер е назначен Ѓоко Илијовски, кој моментно работи во фудбалската академија на Фудбалската академија во Битола.

За местото координатор на школата Илијовски рече:

-Голема е чест и одговорност да се води фудбалската школа на Пелистер, кога се знае со каква традиција и кои се фудбалски имиња излегле од таа школа која е позната не само во Битола, туку и на поширок простор. Се надевам дека заедно со другите тренери кои се назначени во школата ќе одговориме на предизвикот кој е пред нас.

Ѓоко Илијовски е долго време во ФК Пелистер, а работел како помошник тренер на првата екипа на клубот, а има искуство и со работа со младинските категории, каде работеше и оваа сезона.

Покрај Илијовски во фудбалската школа на Пелистер се уште и Спасе Ристевски кој ќе работи со кадетите, Васко Стојчевски и Михајло Корлевски кој ќе работат со пионерите.

Илијовски покрај тоа што ќе биде координатор на школата ќе ги води и младинците на Пелистер. Него и неговите избраници ги очекува в сабота и првиот сериозен фудбалски испит, играат против своите врсници од екипата на Вардар.

Илијовски доаѓа на местото на Науме Љамчевски кој досега ја извршуваше функцијата координатор на фудбалската школа на Пелистер.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »