Press "Enter" to skip to content

Жолтио на трката во Јаница, Грција на Европско, ќе ги “брка“ првите бодови

Денес во Јаница, Грција со европската трка започнува мото-крос натпреварувањето, а таму утрово замина и битолскиот мото-кросист, Борче Костов – Жолтио, кој настапува мото-клубот, Ноќни Волци.

За подготовките и стартот на сезоната Костов вели:

-Да бидам искрен во оваа трка и во овој годинашен Шампионат, влегувам не така подготвен, а причината е ладното време кои го имавме кога требаше да ги одржиме најтешките тренинзи и да бидеме на мото-крос патеките. Но, за жал пак ќе повторам ладното време, а посебно дождовите и снегот кој го имавме ни ги поремети сите планови. Наместо на патеките, не само јас, туку и сите возачи бевме во “теретана“ и се врткавме околу моторите ги сервисиравме, наместо да ги возиме. Но, европските трки и календарот не можеме да ги промениме, па затоа уште денес ќе бидеме на патеката кај Јаница, Грција.Веќе е закажана првата трка, со какви очекувања заминувате за Грција.

-За да се стигне до првата европска трка ќе мора да се поминат квалификациите на кои ќе се појават, според информациите кои ги имаме од Грција, повеќе од шеесетина возачи. Мислам дека иако не направивме подготовките како што планиравме, ќе ги поминам квалификациите и ќе бидам пласиран на трката не место кое ќе ми донеси и европски бодови, но пак ќе повторам ќе биде многу тешка трка на отворањето на Европското првенство, вели Борче Костов – Жолтио.

Костов во Јаница ќе се натпреварува во класата МХ (ветерани), а покрај него во екипата на Ноќни Волци ќе бидат уште: Ване Јовановски (МХ), Васко Киров (МХ1) и Алберто Видоски (МХ2-јуниори).

Покрај временските проблеми, Костов, како и секогаш ги има и финансиските проблеми, за кои тој не сака многу да зборува.

-Како и секогаш така и сега имаме проблеми со парите. Покрај Ноќни Волци ќе ни помага “Јассо“, а тука е “Хард кор енерџи“ како и теретаната “Сити џим“ каде имевме дел од подготовките, вели Борче Костов – Жолтио.

Инаку, според официјалниот плакат на трката таа ќе се бодува за Источно европскиот шампионат и Балканскиот шампионат, а ќе се вози покрај мото-крос и еднуро.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »