Press "Enter" to skip to content

Минимален пораз на Пелистер од Ренова во Тетово

Ренова – Пелистер 1:0 (0:0)

Продолжува лошата традиција на Пелистер со екипите кои ги води Влатко Костов, а овој пат “пелистерци“ се победени од екипата на Ренова, во Тетово минимално со 1:0, откако полувремето заврши без голови во 23 коло од Првата фудбалска лига.

Пелистер по казната на Ренова наместо во Џепчиште играше во Тетово, без публика.

Како и кажува и резултатот од првото полувреме тоа помина без некои убави шанси за гол кај двете екипи, а голманите немаа многу работа, а во тој стил запоочна и второто полувреме. 

Единствениот гол за екипата на Ренова го постигна Ваљмир Нафиу во 56 минута кога по еден напад кој не ватуваше нешто повеќе, среќно дојде до топката по десната страна и од тешка позиција погоди за несреќен пораз на екипата на Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »