Press "Enter" to skip to content

Победа на кошаркарите на Пелистер во Струмица

Струмица – Пелистер 53:60 (31:33)

Спортска сала “Парк“ во Струмица

Судии: Феревски, Лазов и Ѓоревски

Струмица: Делипетров 7, Арсовски 15, Шајкаров 4, Макенаџиев 12, Цветков 11, Абазовиќ, Стојменов, Витанов, Абрашев, Митев 2, Ѓоргиев, Стојановски 2.

Пелистер: Анакиевски 9, Давков, Лони 8, Голубовиќ, Луис 23, Трајковски, Бошевски, Цветановиќ 3, Атанасовски 6, Талевски, Ксевиер 8, Илиевски 3.

Кошаркарите на Пелистер забележаа многу важна победа на гостувањето во Струмица на истоимената екипа, која многу ќе придонесе екипата да го задржи прволигашкиот статус. 

Пелистер поради поместувањето на терминот немаше многу време за одмор, но сепак добро одигра и не со релативно малку кошеви ја победи екипата на Струмица која има проблеми во функционирањето.

Во првите три четвртини двете екипи немаа некоја разлика која ќе им ветуваше мирна завршница, а екипата на Струмица во последната четвртина влезе со минус од два коша (45:43). По серија од 6:0 со двете тројки на Атанасовски, Пелистер дојде до +4, на почетокот на последниот период, а таа разлика ја зголемија до крајот на натпреварот на +7, за победа.

Најефикасен во редовите на Пелистер  беше Луис со 23 коша, а најмногу скокови имаше Голубовиќ вкупно 10.

Екипата на Пелистер по 18 одиграни кола се наоѓа на 9 место на табелата со 23 бода, а во наредното коло е домаќин на екипата на Куманово која е пласирана на 4 место со 28 бода.

More from СпортMore posts in Спорт »