И денес, петок, 29 мај 2020 година, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола и во целата дрќава ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и ретки грмежи.
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 16 до 24 степени, а во Битола до 19°С. УВ=6.
И за утре, сабота се слични прогнозите, а ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=7






