Од денес, среда 17 јуни, граничниот премин “Меџитлија“ е отворен за меѓународен граничен сообраќај при што условите за влез и излез на наши и странски државјани се останати непроменети, со примена на мерките што се активни.
Согласно Одлуките и мерките на Владата има услови за излез и влез во Грција.
-Македонските државјани можат да остварат непречен излез при што на граничен премин пополнуваат изјава со која изјавуваат дека РСМ поради настанатата состојба со КОВИД -19 нема да биде во можност навремено да им помогне околу нивното враќање;
-Дозволен влез на македонски државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен PCR тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена.






