Press "Enter" to skip to content

Кризниот штаб формира 12 екипи за превенција, граѓаните ако имаат потреба да пријават на телефоните 193 и 195

Општинскиот кризен штаб во Битола денес повторно се состана и ги разгледа состојбите и последиците по синоќешните врнежи од дожд.

На терен делуваа екипи во текот на целата вечер, се интервенираше со пумпи во над 20 објекти, а утринава се работеше на расчистување на улиците и дезинфекција на објектите во Битола. По разгледувањето на синоќесшната состојба низ Битола, беше даден извештај за санацијата на терен.

Општинскиот кризен штаб формира 12 екипи со 12 пумпи за превентивно делување на терен во периодот кој што следува.  Координатор на активностите е КЈП „Нискоградба“ – Битола, која на терен постојано ги следи активностите и согласно потребите ќе ги активира екипите.

Доколку дојде до нови врнежи и има потреби од интервенции, граѓаните од Битола може да ги пријавуваат состојбите на телефонските броеви 193 во Територијалната противпожарна единица и на 195, во Центарот за управување со кризи.

More from ВестиMore posts in Вести »