Press "Enter" to skip to content

Фото вест: на мостот на Обиколницата над Битола, два “спрата“ заштитна ограда

Работите на поставување на заштитна ограда на обиколницата над Битола, се во тек, а моментно се работи на поставување на заштитна ограда на мостот, која е прва од ваков вид во земјава, на дел од магистралниот пат Прилеп-Охрид, кај месноста Баир.

Деновиве се работи на поставување на заштитна ограда на самиот мост во средишниот дел, со различен колорит, на две нивоа со валаст изглед, или како ни рекоа жителите од овој дел на Битола во смеа, “ограда на два спрата“.

Оградата се поставува на иницијатива на Општина Битола, а ја поставуваат Министерството за транспорт и врски и јавното претпријатие за државни патишта, а  значи решавање на три проблеми звучниот, вториот е сообраќаен со што се зголемува безбедноста восообраќајот на овој потег и еколошки проблем.

More from ВестиMore posts in Вести »