Денес во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ се одржа настан под мотото “Да го јакнеме спортскиот дух“ на која беа претставени спортските таленти, а настанот беше мотивација за сите ученици дека никогаш не е доцна да започнат да се занимаваат со некој спорт, но и за оние кои веќе се спортисти да продолжат да чекорат по патеките на успехот.
Настанот се состоеше од активности во кои учениците имаа презентации на тема “Спортот како вештина која инспирира и поттикнува на натпреварување“, а мотивациони пораки поврзани со спортот прочитаа Емилија Пецаковска, Христо Динев и Андреа Мерковска како поттик никогаш да се откажувате од она што сте го започнале. Пораките беа да им бидат поттик на сите ученици да спортуваат и да го развиваат спортскиот дух и карактер со јакнење на самодоверба, дисциплина, упорност, истрајност, борбеност, трпение , одговорност, самоиницијативност и храброст.
“Хардкор Шоп“- продавница за спортски суплементи, фитнес и бокс опрема донираше симболични награди за спортистите таленти како мотив за понатамошни успеси.
За одлични резултати и претставување на училиштето подароци добија за одбојка Андреа Стојановска, Ева Трпеновска и Анастасија Ѓорѓиевска.
За постигнати одлични резултати во атлетика и на Ноќната трка на Широк Сокак подарок доби Евгенија Данева, за фудбал Давор Огненовски, Мартин Андоновски, Иво Бабаџовски и Ангела Јовановска, а за ракомет Владимир Христовски.
Анастасија Дракуловска, Лазар Вангелов, Борис Божевски, Мартин Трајковски, Христо Николов и МихаелаЛазаров беа наградени за учество во кошаркарската игра, а за учество на натпреварите во скијање наградени беа Бојана Тодорова, Марко Белевски, Аница Нелоска, Евгенија Божиновска и Ана Дабиќ.
На сите наградени ученици кои постигнаа одлични резултати на спортските терени ментор им беше Душко Костовски, директор на ОУ “Св. Кирил и Методиј“.
Активностите беа организирани во рамките на професионалната заедница за постојано учење “Надарени и талентирани ученици“, а на крај беше речено дека успехот е 30 проценти талент, но 70 проценти тренинг и работа!





