Последната, втора вечер на “Фестивалот на староградска музика и вино“ кој викендов се одржа во Старата битолска чаршија во Битола, помина во одлична атмосфера, а дел од гостите понесени од звуците на староградската музика, вечерта ја завршија со валцер.
А, за оваа втора вечер да остане во сеќавање на присутните битолчани од чаршијата во Битола, пред “Малиот битолски монмартр“ се погрижија групата “Деспина“, “Чупињата“, Марија Груевска, Тамара Стојковска и Борче Наумовски, а добрата музика беше надополнета со вината на винаријата “Чифлик“.
Амбиентот на старата битолска чаршија во Битола, повторно се исполни со звуците на старите песни, народни и оние обнародени, кои некои сношти со прави ги нарекоа “битолски шлагери“, кои заедно го изведувачите ги пееја и гостите.
Манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“ се одржува во Битола, трета година по ред, а организаторот сака на некој подруг начин да го врати сјајот на битолската чаршија.
Многу битолчани сакаат се присетат на еден период поточно во 80-90 години, кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…, а улиците беа корзо и шетање.
Потребни се повеќе манифестации, со различни содржини, со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои и ги поседува оваа чаршија, а и секако Битола.

Заврши “Фестивалот на староградска музика и вино“ во Чаршијата (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- СВР Битола: управувал возило иако имала забрана, приведување за дрога










